Форум “Eнергетската стратегија, безбедност и гасификацијата во Македонија и регионот”

  Форумот беше организиран од страна на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и Аналитика и се одржа на три тркалезни маси, на кои дискусиите се однесуваа на енергетската стратегија, гасификација и енергетската безбедност.

  Форумот имаше за цел да ги обедини македонската влада, дипломатијата, бизнисите и претставниците на општеството, за да дебатираат во врска со енергетските прашања од геополитички и економски аспект, со цел да ги продлабочат своите знаења за тековната состојба во Република Македонија и на Балканот, и да помогнат да се објасни економската и политичката динамика.

  Форумот беше поделен во три панели за Регионалната енергетска стратегија – Концепти и предизвици, Гасификацијата во Македонија и на Балканот – Политиката, бизнисот и инфраструктурата и Енергетската сигурност во Македонија и на Балканот – стратегијата, плановите и разновидноста. 

  Поздравен говор имаше Сани Демири, претседателот на Аналитика, американскиот амбасадор во Скопје г-дин Пол Волерс и амбасадорот на Делегацијата на Европската унија г-дин. Аиво Орав. 

    Во првиот панел учесници беа директорот  за развој и инвестиции на ЕЛЕМ  г-ѓа Јасна Иванова Давидовиќ , претставник на српската амбасада, генерален менаџер на  Балканска Енергетска Група г-дин Михаил Сцобиоала и  академик Глигор Каневче. 

    Во вторит панел, за проблемот на гасификација на Балканот, дискутираа градоначалникот на Струмица г-дин Зоран Заев, претседателот на управниот одбор на ТЕ – ТО, извршниот директор на ГА-МА и претставникот на Гаспром Експорт Македонија.

    Во третиот панел присуствуваше претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, кој заедно со амбасадорот на Република Албанија, г-дин. Арбен Чејку и генералниот менаџер на МЕПСО г-дин Синиша Спасов и претставникот од економското аташе на Амбасадата на Бугарија г-дин Димитар Салов, дискутираа за енергетска безбедност во нашата земја и на Балканот, со фокус на стратегијата, разновидноста и разни програми.

    Претседателот на СКСЗМ г-дин Мендерес Кучи, кажа дека енергетската стратегија е дел од повисока економска стратегија, и безбедноста, имено енергетската стабилност е предуслов за економски развој, но овој развој треба да биде регионален. Западниот дел на Република Македонија може да послужи како потенцијален мост за развој и регионална соработка. Претседателот, исто така, рече дека, пред да се ориентираме кон големите пазари, првенствено треба да се користат компатибилните регионални пазари, бидејќи за бизнисите треба да има еднакви услови за работа на пазарот, вклучувајќи ја тука и енергетиката.

  Претседателот г-дин Мендерес Кучи, мисли дека во создавањето на стратегијата треба да се консултира со академската страна, но не политизираната, и секако светот на бизнисот треба да го заземе своето место.