Форум на тема: „Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време“

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Северна Македонија, проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од: Стопанска Комора на Северозападна Македонија, Стопанска Комора на Македонијга, Сојуз на Стопански Комори, и Стопанската Комора за Информатичко и Комуникациски Технологии – МАСИТ, и ЕПИ Центар Интернационал, организираа форум на тема: Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време.

Се дискутираше во кратки црти што се трендовите во работните односи што даваат некој мотив за да луѓето остануваат во една држава, правната регулатива и како стоиме ние, односно кои се нашите обврски со пристапување во ЕУ? Кои се законските прописи на ЕУ кои ќе се одразат во нашето законодавство?

Исто така се презентираше компаративна анализа со соседните поразвиени земји во однос на прашањето како да се одржи кадарот во земјата и кои мерки треба да се преземат за да се задржи работната сила во земјата.