ФОРУМ НА ТЕМА: МЕХАНИЗМИ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Во насока на активно вклучување на деловната заедница во стратешките економски политики и националната законска регулатива, Проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива” кој го имплементираат четирите клучни партнери: Сојуз на Стопански Комори на Македонија, Стопанска Комора на Македонија, Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии – МАСИТ и Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, организира Форум на тема: “Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати”.

Целта на настанот е инклузија на сите релевантни страни во процесот на намалувањето на сивата економија и дискусија за идентификување на предлози, начини и механизми со кои ќе се намали сивата економија и создаде поволен деловен амбиент за компаниите.

Comments are closed.