Формирање Данска Асоцијација на Бизнисмени од Македонија
12 Ноември 2012 во Амбасадата на Република Македонија во Копенхаген, беше одржан Инцијативен одбор на Асоцијацијата на бизнисмените од Македонија во Данска.
Асоцијацијата, чиј иницијатор е амбасадорот Асаф Адеми, е поттик за формално здружување на бизнисмените од Македонија и нејзино институционализирање пред Данските власти. Иницијативата има за цел зајакнување на врските помеѓу бизнисите во Македонија и Данска, размена на информации и искуства, интензивирање на трговската размена помеѓу двете земји и на пласманот на дански капитал во Македонија. Од страна на Амбасадата, помош на Асоцијацијата и нејзините членови за добивање на ралевантни информации и контакти во Република Македонија и за олеснување на процесот на дански инвестиции во Македонија.
Иницијативниот одбор, кој засега брои 20 видни дански бизнисмени со потекло од Македонија, наскоро ќе одржи Собрание на Асоцијацијата, на кое ќе бидат повикани најширок круг на македонски бизнисмени кои живеат и работат во Данска.
Comments are closed.