Фондацијата ДАУТИ додели стипендии за ученици и студенти
На 18 Февруари 2014, во Младинскиот Културен Центар-Скопје, Фондацијата ДАУТИ за трета година по ред организираше доделување на стипендии за академската образовна година 2013/2014.Оваа година Фондацијата додели вкупно 170 стипендии, 70 за ученици и 70 за студенти.
Основач на оваа фондација е сопственик на реномираното претпријатие Даути Комерц г-дин Џемаил Даути, исто така и Претседател на Собранието на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.
Фондацијата ДАУТИ е институционализација на корпоративната социјална одговорност и филантропијата што покажаа сопствениците на компанијата Даути Комерц основана во март 2011 година.
Зајакнување на улогата на Фондацијата ДАУТИ во општеството каде што работи, достигнувањата и реализирање на програмите и платформите е овозможено од финансиската и моралната поддршка на донаторите, во оваа манифестација Претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија Мендерес Кучи додели благодарници за донаторите на Фондацијата како: Даути Комерц, Адријус, Фрукт Импорт, Алма-М, Принц Ентерпрајс, Извор и др
Comments are closed.