Финансиска поддршка за мали и средни претпријатија

29 март 2018 – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој денеска им ги претстави на претпријатијата мерките од планот за економски раст од Третиот столб, кои се занимаваат со финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија . Мерките ги презентираше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, а потоа имаше простор за дискусија од страна на компаниите.

Третиот столб вклучува поддршка за мали и средни претпријатија кои имаат тенденција да растат. Тука се предвидува финансиска поддршка за технолошкиот развој на компаниите, покривајќи 30 отсто од директните трошоци за инвестициски проекти како и едукација на младите што се вработени.

Бидејќи сега е фаза на изготвување на прописите со кои ќе се имплементираат овие мерки, оваа презентација беше реализирана со цел да се исчистат сите дилеми, прашањата што ги имаат компаниите. Владата обезбеди 10,5 милиони евра со кои ќе објави оглас за мерките од третиот столб.

Само во првиот јавен повик планираме да издвоиме 185 милиони денари кои веќе се обезбедени од Владата. Покрај тоа, во 2018 година планираме уште две  јавни повици, така што вкупниот износ на средства кои треба да се распределат треба да достигне 645 милиони денари. Условите кои треба да ги исполнат компаниите се дефинирани за секоја  мерка посебно и се засновани на бројот на вработени, годишни приходи, имотна структура и исполнување на финансиските обврски кон добавувачите “, рече директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски

СКСЗМ ги поддржува владините мерки за поддршка на малите и средните претпријатија, со акцент дека во рамките на законот да се  проширува листата со други сектори кои имаат голем потенцијал за домашна  економија, вклучувајќи го овде и еднаков  регионалниот развој.

Имајќи го предвид деловниот интерес, СКСЗМ ги поддржува сите иницијативи за развојни  политики на земјата, а особено мерките за поддршка на бизнисот. Покрај производствениот сектор, треба да се вклучат и сектори кои имаат влијание врз создавањето на БДП во земјата. Исто така, сметаме дека треба да се предвидат посебни мерки за компаниите кои доаѓаат од рурални средини и за бизнисите предводени од жените – рече претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.

Бизнисите бараат владина транспарентност и елиминација на субјективноста во поддршката на бизнисите на начин на кој ќе нема злоупотреба на бизнис планови, а тоа да се прави со назначување лице од Коморите до соодветните комисии. За да бидат посигурни во текот на целиот процес и да ги заштитат бизнис плановите  на компаниите, претприемачите предлагаат апликацијата да помине низ Комората, а потоа да има второстепена комисија.

Со овие мерки, компаниите за прв пат ќе имаат можност да го финансираат технолошкиот развој, што значи купување и примена на нови технологии, со што ќе се зајакне нивната конкурентност.