Филантропија на зелени идеи

Филантропија на зелени идеи е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Западен Балкан: во Северна Македонија и во Албанија, Косово, Црна Гора , Босна и Херцеговина, Србија и Грција.

Оваа година СКСЗМ учествува во комисијата за евалуација на зелените бизнис идеи, што во исто време докажува дека според својата стратегија секогаш ќе го поддржи развојот на конкурентноста и иновациите, микро, малите и средните претпријатија и малите бизниси кои создаваат иновативни идеи за развој на животната средина.