Успешно завршува дводневната обука на тема: „Царинска тарифа, царински постапки и потекло на стоката“.

Денеска, 17.10.2023 година, вторник, Центарот за обука на СКСЗМ успешно го организираше вториот ден од обуката на тема: „Царинска тарифа, царински постапки и потекло на стока“.
Учесниците на оваа дводневна обука, организирана од СКСЗМ, имале можност да истражат важни детали, поврзани со царинските постапки, процесот на пуштање на стоката во слободен приход и потеклото на стоката, договорот за слободна трговија и придобивките, кои би можеле да ги добиат од сите овие концепти, заедно со многу други важни теми. Учесниците беа наградени со сертификат за активно вклучување во оваа обука од страната на СКСЗМ.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е постојано посветена да придонесува во корист на своите членки, со цел да ги зголеми нивните капацитети, и во исто време да создаде погодна средина за водење бизнис.

Центарот за обука на СКСЗМ сега е активен и подготвен да им служи на компаниите со обуки за различни теми по барање, затоа, за да ја организирате соодветната обука за вас, контактирајте ја службеничката за деловниот сектор Бесиана Мустафа, на business.liaison @oemvp.org или на телефон:075422-886.