УСАИД И ЦГК организираа работилница за јавни набавки
Овој проект се спроведува веќе три години и пол и предвидено е да се реализира во 36 општини од Источниот, Југисточниот, Вардарскиот и Северооисточниот регион. На повеќе од 300 микропретпријатиата им е обезбедена бесплатна обука и секојдневна асистенција при учество на тендери.
Микропретпријатиата имаат можност да барат помош или поддршка околу аплицирањето за јавни набавки преку двата центра за поддршка (во Штип и Велес), асистенција преку телефон, како и преку мобилните тимови од асистенти кои одат директно во просториите на претпријатието и ја пружат потребната помош.
Од друга страна договорните органи од опфатените региони, се снабдени со препораки за преземање на конкретни мерки за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата во јавните набавки, во согласност со препораките на Европската Комисија во оваа насока.
Проектото го спроведува Центарот за граѓански комуникации од Скопје во партнерство со ЕХО од Штип и со фондација Фокус од Велес.
Слични работилници ќе продолжат да се одржуваат низ целиот Полошки и Пелагониски регион како и во југзападниот дел, со цел да се информираат претставниците од микропретпријатијата или малите претпиемачи како да аплицират за тендер, постапката на апликација, комплетирањето на документацијата и це што е поврзано со јавни набавки.
Присутен на настанот беше и претседателот на Стопанска Комора на Северозападна Македонија, г-дин. Мендерес Кучи, со оглед на тоа дека СКСЗМ континуирано им дава поддршка на ваквите инициативи и се што е на интерес на компаниите членки на СКСЗМ.
Comments are closed.