УМТ и СКСЗМ ја организираа тркалезната маса на тема: „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“

12.10.2022 Скопје-Универзитетот „Мајка Тереза“ во соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Министерството за образование одржаа тркалезна маса на тема „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на труд“.

Образованието се смета за главен столб кој позитивно влијае на економскиот раст и развој на една земја.

Целта на оваа тркалезна маса беше да се создаде програма за одржлива институционална соработка меѓу универзитетите и бизнис секторот, преку која би влијаеле на процесите за реформи во образовниот систем.

Претседателот на СКСЗМ во својот говор истакна дека оваа тема треба да ја третираме од концептуален аспект, а не од економетриски, бидејќи појавите и резултатите доаѓаат како резултат на однесувањето и пристапот што го имаат главните актери, во случајов институциите, особено оние на образованието, бидејќи евидентно е дека деловните и академските училишни институции немаат никаква соработка за да се земе како пример.

На оваа маса тој ја истакна и подготвеноста на СКСЗМ но и на целиот бизнис сектор за вклученост и активно учество во решавањето на овој долгогодишен проблем, нагласувајќи дека и во стратегијата на СКСЗМ стожер е и работната сила, поточно човечките ресурси.