Тркалезна маса: “Извештајот на ЕК 2012 – политички и економски напредок на Македонија”
На 30 октомври, 2012 година се одржа тркалезна маса на тема: “Извештајот на ЕК 2012 – економски и политички напредок на Македонија” во хотелот Александар Палас, Скопје.
Панелистi на оваа тркалезна маса беа: г-ѓа. Теута Арифи – Вицепремиер за Евроинтеграции, г-дин. Владимир Пешевски Вицепремиер задолжен за европски прашања, г-дин. Аиво Орава, г-дин. Мендерес Кучи – претседателот на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, г-дин. Митко Алексов – извршен директор на Сојузот на стопански Комори и г-ѓа. Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија.
Извештајот за напредокот на Македонија од Европската комисија е најпозитивен досега, кај поглавјата за економијата е констатиран напредок, некаде понагласен некаде поскромен, но генерално можеме да бидеме задоволни, оцени Вицепремиерот Владимир Пешевски на тркалезната маса за политичкиот и економски напредок на Македонија наведени во Извештајот, а во организација на Европската бизнис асоцијација.
Како што истакна Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, напредокот нотиран во Извештајот се должи на заедничката работа во изминатиот период. Најголемо достигнување на општеството, според неа, бил почнатиот дијалог на високо ниво со ЕУ.
Претставниците на бизнис заедницата од своја страна оценија дека позитивните резултати и оценки треба да бидат реални и во пракса. Иако добиваме редовно позитивни оценки од ЕК во пракса работите не ни се такви како на хартија изјави Мендерес Кучи, претседател на Комората на северозападна Македонија.
Comments are closed.