Тркалезна маса за изготвување на економска платформа

  Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), врз основа на својата стратегија за развој, и својата мисија како приоритет  има идентификувано  различните  услови за развој и во исто време обезбедување  квалитетни  услуги и на време за своите членки и за сите заинтересирани страни. Исто така, приоритет од суштинско значење е да се идентификуваат конкретните можности за рамномерен регионален развој во Македонија.

  Според ова СКСЗМ денес организираше тркалезна маса за изготвување на платформа за економски развој за Северо-Западна Македонија. Учесници на оваа тркалезна маса беа г-дин.Мендерес Кучи, Претседател на СКСЗМ, Проф. Др.Насир Селими, Проф.Др. Вулнет Палоши, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања г-дин Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Абдулаќим Адеми, извршен директор на Албсиг г-дин Хашим Реџепи и раководителот на секторот за образование на општина Тетово, г-дин Ахмед Ќазими.

  Првично претседателот на СКСЗМ ги поздрави присутните гости за нивно присуство на тркалезната маса каде што ќе се разговара за некои аспекти кои комората ги забележа како потребни, како што се институционалните реформи, инфраструктурата и многу други важни прашања за развојот на секоја земја. Тој истакна дека не можеме да бидеме конкурентни на глобалните пазари ако не сме еднакви, затоа што ако еден дел од телото не функционира, целото тело е нефунксионално. Сите заклучоци од оваа маса во писмена форма ќе бидат дистрибуирани до сите заинтересирани страни, затоа што Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија отсекогаш била движечка сила на економскиот развој во Република Македонија.

  Oткако извршниот директор г-дин Арбен Хаљиљи ги претстави учесниците на дискусијата, проф.Д-р. Насир Сељими ги даде своите видувања од  научен аспект, потенцирајќи неколку економски фактори, како што се економските приватните трансфери, како дознаки за покривање на буџетскиот дефицит, како нестабилни и неодржливи извори, и како индикација дека домашната економија не како што треба. Според него, во Република Македонија нема рамнотежа помеѓу извозот и увозот, и тоа се одразува и во другите сектори, особено во малите бизниси.

  Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања г-дин Фатмир Бесими, рече дека оваа средба е многу важна и дека заклучоците од состанокот ќе бидат вклучени и во нивната економска платформа на следните парламентарни избори, повикувајќи се на некои аспекти во однос на кои се работи, како што се подобрување на стандардот/квалитетот на животот на сите граѓани, истакнувајќи дека невработеноста во последниве години има намален тренд и дека oд 38% е сега на 28,4 %, но се уште е многу висока, и дека децентрализацијата има позитивно влијание врз локалниот економски развој. 

  Проф Д-р. Вулнет Палоши, во своето излагање посочи некои аспекти во кои, според него, треба да се фокусира и да работи Владата на Република Македонија, односно на: формирање на работни групи од експерти во областа на инфраструктурата, во рамките на Министерството за транспорт и врски, за подготовка на краткорочен план на Просторниот план на Република Македонија, со актуaлизација на идејата за преминот Ќафасан – Радожда, реконструкција на железничката пруга 2,7 км во Албанија и дел од патиштата во Македонија, да дадат предлози за нови премини на граница со Косово и Албанија и многу други предлози.

  Министерот за заштита на животната средина и просторно планирање, г-дин. Абдулаќим Адеми, кажа дека дел од оваа платформа е веќе реализиран, а според него остатокот треба да биде подобро структуриран и истите ќе бидат вклучени во нивната политичка програма, затоа што сè мора да биде усогласено со просторниот план. 

  Директорот на Албсиг, г-дин. Хашим Реџепи, кој го претставуваше бизнис секторот и како член на СКСЗМ, кажа дека тие како бизниси треба да се поддржaт во развојот на мали приватни бизниси, како и помош во пристапот до финансии, барајќи олеснување и полесен пристап до овие средства преку помош при подготовка на бизнис планови, разни други проекти, бидејќи тие самите немаат капацитет.
    Од општина Тетово, раководителот на образовниот сектор, г-дин. Ахмед Ќазими, рече дека постои недостаток на координација меѓу бизнисот и образованието,  бидејќи тие се во спротивност со барањата на бизнис секторот. Според него, најголем прилив на младите има во економски и правни насоки, а игнорирани и потценети се професионалните насоки, како и недостаток на можноста за практична работа во проширување на знаењето.
 

Comments are closed.