Трет состанок на управниот совет

26.04.2023, Струга – Денеска во Струга се одржа 3-та редовна седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија. Управниот одбор како раководно тело на Комората на оваа средба разговараше за досегашните активности и за следните приоритети на Комората.
Стопанската комора на Северо-западна Македонија ќе продолжи одлучно да работи во правец на помагање на економскиот развој на земјата како и заштита и промовирање на бизнисите во земјата и странство.