Трговска размена меѓу РСМ и Аргентина-СКСЗМ на средба со амбасадорот Атанасоф

28.06.2022 Скопје – Денес, претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа и извршниот директор г. Дриљон Исени на средба го пречекаа г. Алфредо Нестор Атанасоф, амбасадор на Република Аргентина во Република Северна Македонија, резидент во Софија.

На средбата се разговараше за можностите за зголемување на економската и трговската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Аргентина.

Со оглед на тоа што Аргентина е еден од најголемите производители на житарки и месо, г. Хоџа истакна дека има простор за подобрување на трговската размена меѓу земјите. Исто така, г. Хоџа истакна дека компаниите членки на Комората имаат интерес да ја продлабочат соработката со аргентинските компании, особено во овој период кога имаме недостиг од основни производи во земјава.

СКСЗМ, врз основа на својата мисија и визија, како и стратешките цели, секогаш е во поддршка на иницијативите за меѓународна соработка насочени кон економски развој на земјата.