Традиционалниот Ифтар на СКСЗМ

txUOLUuuiGsiLU77txAIWgefz8JKaoCezMoQPZc5CDU_nmC4KN4oyuoqpSK54jgzMpW_mlsrboc4SKPkhCiZyOw_787254587

СКСЗМ веќе има создадено традиција за организирање на ова трпеза, со претставници на државни институции и значајни фигури во јавноста со бизнис заедницата.

Традиционалната Ифтарска Трпеза се одржа во просториите на Хотел New Star во Скопје, а присутни беа Министерот за Економија, г-дин.Беким Незири, Градачалникот на Општина Чаир, г-дин.Изет Меџити, Претседателот на Исламската Верска Заедница, Реис Ел Улема Сулејман Ефенди Реџепи, членови на Комората, соработници и пријатели.

Исламот е религија на мирот, толеранција и соживотот. Тој не повикува на мир, без разлика на религиозните, половните, националните и политичките разлики. Всушност, сите религии, се базираат врз овој принцип, но луѓето се тие што свесно или несвесно делуваат во спротивност со принципите на нивната религија. Не е доволно да кажеме јас хуман, искажувам солидарност и слично а од друга страна егото, самозадовослството и личниот интерес да е во центар на вниманието а личниот интерес да се реализира на сметка на другите – наведе Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа во неговото обраќање.

Сите вери се должни на пост. Вредностите на месец Рамазан се големи и многубројни корисен е не само за муслиманите, туку и за целото човештво. Под пост, како форма на посветеност и жртва кон Бога, искажуваме супериорност на доблест над лошата навика, самоконтрола, вредности, чие спроведување со текот на времето носи само добрини – истакна Хоџа.

На крај Претседателот Хоџа им се заблагодари на присутните за пристуството, вооедно честитајќи им го Светиот месец и лесен пост за време на овој месец.

Comments are closed.