Традиционален саем “Промовирање на домашни производи”
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и оваа година продолжува да го организира традиционалниот саем за промовирање на домашните производи. Преставници на различни компании го оценија како многу важен овој саем и апелираат до граѓаните да консумираат домашни производи, затоа што, според нив, консумирајќи домашни производи се зајакнува и економијата.
И граѓаните саемот на домашните производи добро го начекаа и ја нарекоа како потребна и ја оценија како многу важна подршката за домашните компании во пласирање на нивните производи, речејки дека без јака економија не може да има ни развиено општетство.
Во овој саем ќе се изложуваат претежно домашни производи и ние го сметаме како многу добра можност за презентирање на производите од нашите членки компании. Целта на овој саем е да му се понуди можноста на бизнисите да го зголемуваат нивното учество во пазарот и да направи потрошувачите да се познаваат со новите производи и тие постојните.
Саемот оваа година се организира во Старата Скопска Чаршија – Плоштад Скендербег од 08 Ноември 2013 (Петок) и ќе трае до 09 Ноември 2013 ( Сабота).
Активноста ќе биде со хуманитарна цел, приходите што ќе се соберат од овој настан ќе бидат наменети за хуманитарни цели, имено во во разни образовни фондации што понудат студентски стипендии.
Во оваа манифестација поздравен збор имаше и Претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, кој рече дека како комора ние сме секогаш посветени на користење на домашни производи и дека овој саем е многу добра прилика за сите производни компании да соработуваат меѓу себе.
Исто така, во свеченото отварање се обрати и градоначалникот на Општина Чаир, кој во својот говор истакна дека е многу благодарен на СКСЗМ што оваа година ја изба општина Чаир за одржување на овој саем.
Comments are closed.