ТОП 100 најуспешните компании

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и оваа година продолжи со спроведување на проектот „ТОП 100“ најдобри албански компании во Република Македонија. Идејата за проектот „ТОП 100“, кој се спроведува по трет пат оваа година во Република Македонија, е промоција на најсилните албански компании во домашниот пазар, кои минатата година покажаа завиден успех.

Учесници на оваа манифестација освен нашите компании членки, беа и претатсваници на различни државни институции, амбасади, министри, различни организации, медиуми и др.

Претседателот на СКСЗМ, г. Мендерес Кучи, ги поздрави присутните и меѓу другото рече: „И оваа година ги анализиравме 100 албански најуспешни компании, засновано на три критериуми: годишен обрт, добивка и број на вработени за 2012 година. „ТОП 100“, кој се реализира по трет пат во Република Македонија, е промоција на најсилните албански компании во домашниот пазар. Компаниите членки на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во текто на 2012 година беа соочени со различни проблеми, но сепак успејаа да реализираат околу 500 милиони евра вкупен годишен обрт, и повеќето од нив успеале да ги задржат позициите меѓу 100-те најдобри од минатата година. Од тука произлегува потребата за соработка и координација за да се скрати патот кон оваа голема цел, за да бидеме најдобрите. Доколку ги размениме нашите најдобри искуства, доколку се подржиме меѓу себе, нашата европска интеграција ќе биде поуспешна и поблиска.

Ние како Стопанска комора, му се радуваме на напредокот и успехот на секоја наша компанија членка, како и на тие потенцијалните за зачленување, бидејќи само успехот на сите компании носи целосна стабилност на северо-западниот регион, добрата соработка и мирот на целокупониот економски развој.

Ние сме на патот за да ги постигнеме нашите цели, но патот сеуште останува карпест. Нашите приоритети се зајакнуавњето и проширувањето, кој ќе генерира идни добивки. Доколку домашниот пазар е потикнувач на зголемувањето на работните места, тогаш нашиот надворешен пазар, другиот дел на севтот, треба да биде другиот потикнувач. Европската Унија е нашиот најголем светски трговец и ние работиме напорно за да најдеме нови пазари. Но, за да се реализираат овие придобивки, работниците и бизнисите треба да имаат способност и капацитети за да имаат придобивки од овие создадени можности. Буџетот на РМ треба да обезбеди инвестиции, зголемување за нашите региони, за студентите, за бизнисите, за фармерите и за невработените. Каталогот на 100 најдобри компании, кој се издава по трет пат, има за цел да ги промовира нашите најсилни компании, кои се промотери на општеството, да ги потикнеме другите компании да го следат патот на 100-те најсилни компании и да ги потикнеме младите да се занимаваат со бизнис. Уште еднаш им честитам на 100-те албански компании за професионализмот и искажаната посветеност и успехот во текот на 2012 година, и се надевам дека вака ќе продолжат и во иднина“, кажа г. Кучи.

Министерот за Економија, г. Валон Сараќини, во својот говор рече дека: „Да бидеш голем и успешен е навистина секоја почит. Но да бидеш голем и успешен во пазари каде војната за позиција е намилосрдна и е секојдневна војна, е навистина голем успех, која е резултат на посветеноста, претприемачкиот дух и вашата креативност. Оваа едиција на 100 НАЈУСПЕШНИ АЛБАНСКИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА, кој се издава по трет пат во Македонија, е значајна едиција кој на едно места ги збира најуспешните албански компании од земјата и тоа од различни сектори. Фактички, оваа едиција бележи зголемување и развој на компаниите во Македонија како пример и потикнување на другите во пазарот. Податоците зборат дека годишниот обрт на 100 најдобри албански компании во Македонија, е 488 милиони евра, тие учествуваат со 3% од вкупниот обрт во земјата. Добивката на овие компании е околу два милиона евра. Овие бројки се и позначајни, доколку се земе предвид фактот дека овие компании постојано растат и развиваат. Паралелно со зголемувањето на работата на овие компнии, се зголемува и бројот на вработените, кој во моментот е околу 5.000 луѓе.“

На компаниите исто така им се обрати и г. Имер Далипи, директор на секторот за бизниси во ПроКредит Банк, кој ги презентираше услугите на банката пред албанските бизниси.

Меѓу 10-те најсупешни компании оваа година беа компаниите Еколог, Профикс, Вардар Доломит, Бас Тути Фрути, Принце Ентерприсе, Даути Комерц и Гемак, додека на трето место беше компанијата Еуро Медиа од Скопје и на второ место компанијата Алма-М, исто така од Скопје.

Како најуспешна компанија за 2012 година беше прогласена компанијата ЕуроАктива од Скопје, чиј сопственик е г. Нухи Алиу.

 

Comments are closed.