Тендер за кетеринг услуги – Archived
Почитувани,
За потребите на проектот “3Eс: Образование, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”, финансиран од Европската Унија, со времетраење од 15 месеци, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Здружението за локален рурален развој и Регионалната агенција за развој Сенек – Пезинок, објави тендер за кетеринг услуги (угостителски услуги за снабдување со храна за планираните обуки од проектот).
Во прилог се спецификациите во врска со оваа понуда, кои треба да бидат испратени по пошта до 25.04.2013 на следнава адреса:
Стопанска Комора на Северо-западна Македонија
Ул. Димитрија Чуповски бр.13
1000 Скопје
За повеќе информации контактирајте fatima.vela@oemvp.org и телефон 076/397-504.
Во рамките на проектот “3Eс: Образование, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници” финансиран од Европската Унија, за кетеринг услуги е одбрана компанијата Alpha Group од Скопје.
Comments are closed.