Студентите на УЈИЕ во посета на СКСЗМ
25 Април 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денес оствари средба со студентите од Факултетот за бизнис администрација при УЈИЕ, кои заедно со професорот Веланд Рамадани ја посетија Комората. За да бидат поблиску до најновите информации од областа на економијата, на овој состанок студентите беа запознаени со работата, функциите, овластувањата и улогата на Комората во економскиот развој на Република Македонија.
СКСЗМ изрази подготвеност за соработката со студентите и создавање на можностите за студентите да бидат во тек со трендовите на економскиот развој. Исто така се дискутираше за соработката во насока на тоа да се намали разликата меѓу побарувачката на пазарот на трудот и постоечките профили на стручните кадри, како и можноста за практична работа или вработување во иднина во Комората или во компаниите членки кои што таа ги претставува.
Comments are closed.