Странски експерти за домашните компании

Во тек е Јавниот Повик со кој Владата на Република Македонија ги повикува компаниите од приватниот сектор да пројават интерес за користење на стручна помош од сстрнски експерти. Владата ги покрива средствата потребни за ангажирање на странските експерти (дневници, авиоонски карти, осигурување и сл). Домашните компании ќе имаат обврска да ги покријат единствено локалните трошоци за ангажман (сместување, храна и локален транспорт) за периодот во кој експертот ќе престојува во домашната компанија. Експертите престојуваат во домашната компанија од 7 до 21 ден врз основа на сто треба да дадат совети и мислења во насока на подобрување на работењето и рамена на искуства во сферата која е предмет на интерес.

Компаниите кои ќе аплицираат на овој Јавен Повик кој трае до 20.04.2015 година, потребно е да ги исполуваат следните услови:

   –    Да постојат најмалку 2 години (за што како доказ со апликацијата се доставуваат последните две Биланси на Успех);

   –    Да имаат најмалку 5, а најмногу 250 вработени (за што како доказ со апликацијата се доставува Декларација за прием на МПИН);

   –    Да имаат најмалку 51% учество на домашен капитал (за што како доказ со апликацијата се доставува Тековна состојба од Централниот Регистар на Република Македонија);

Јавниот повик и Апликацијата за пројавување на интерес може да се најде на страбата на Владата на Република Македонија  (www.vlada.mk).

Ѕаинтересираните компании може да аплицираат на следниот начин:

       –     Преку он-лине електронска апликација 

http://vlada.mk/konkursi/apliciraj/stranskieksperti

       –     Во писмена форма со пополнување и поднесување на апликацијата до Архивата на Владата, со назнака на дописот:

– Пројавување интерес за користење стручна помош од странски експерти, на адреса: Влада на Република Македонија, бул: Илинден бр. 

2, 1000 Скопје.

 Искористете ја ова можноста и подобрете го Вашиот Бизнис !

 

Comments are closed.