Стопанска комора на Северо-Западна Македонија и Бирото за регионален развој потпишаа Меморандум за соработка
Денеска стопанската комора на северо-западна Македонија и Бирото за регионален развој потпишаа Меморандум за соработка. Целта на овој меморандум, меѓу другото е обезбедување рамка за соработка и олеснување и зајакнување на соработката помеѓу страните во областите од заеднички интерес, како што се: Поддршка за зголемување на територијалната кохезија и намалување на регионалната несразмерност; Промовирање на развојот на руралните области и областите со специфични развојни потреби; Унапредување на ефективно и иновативно владеење; Размена на публикации и информации релевантни за регионалниот и локалниот развој.
Преку овој Меморандум, страните имаат за цел преку взаемна поддршка и меѓусебна соработка да придонесат во најдобро искористување на сите развојни потенцијали на регионите во РСМ како и да придонесат за економскиот развој на земјата.
СКСЗМ во својата четиригодишна стратегија како хоризонтална цел што е во согласност со сите други цели, ќе се заложи за рамномерен регионален развој што е многу важно за одржлив економски раст и развој на една земја.