Стопанска Комора на северо-западна Македонија е секогаш блиску до бизнисите
20 Јули 2018 – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ја продолжува својата мисија да биде поблиску до бизнисите, да се запознае со вистинските проблеми со кои се соочуваат компаниите во секојдневно работење и да обезбеди совети и можности за подобро функционирање на бизнисите. Претседателот на СКСЗМ, г-дин. Неби Хоџа продолжува со традицијата Roadshow со посета на неколку компании во Струга. Од таму јасно може да се види високиот квалитет на работа на нашите компании-членки, кои со заедничка соработка достигнуваат многу успеси во земјата и проширување на нивниот бизнис во други земји.
За време на средбата беа направени многу разговори за деловната комуникација на локално ниво, бидејќи јасно е дека овој регион има висок потенцијал за развој како во урбаните средини, така и во индустриските.
СКСЗМ ги охрабрува бизнисите да ја продлабочат соработката меѓу нив со единствена цел да постигнат повисок економски развој и да го подигнат нивото на благосостојбата на општеството.