Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија му честита на Претседателот на Сорбараието г-дин. Гаши. Целта е да се продлабочи соработката во корист на приватниот сектор.

02.07.2024, Скопје – во просториите на Собранието на Република Северна Македонија се одржа средба меѓу раководството на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот г-дин. Mendi Qyra заедно со раководството на СКСЗМ и Извршниот Директор, на средбата беа пречекани од Претседателот на Собранието на РСМ г-дин. Африм Гаши. Оваа средба означи важен чекор во зајакнувањето на соработката помеѓу приватниот сектор и Собранието како носител на законодавната власт во државата.

Дискусиите се фокусираа на клучните прашања кои влијаат на економскиот развој на регионот, како и начините на кои законодавството може да ги поддржи бизнисите и економските иницијативи. Претседателот г-дин. Qyra истакна дека треба да се работи во насока на подобрување на деловната клима во државата, преку подобрување на законската рамка за да се постигне раст и економски развој на нашата земја.

На средбата, Претседателот на Собранието г-дин. Гаши ја изрази својата целосна поддршка за иницијативите насочени кон подобрување на деловната клима преку усвојување и изменување на законодавството што го засегаат реалниот бизнис сектор.

Претседателот на СКСЗМ г-дин. Qyra му се заблагодари на Претседателот на Собранието за поддршката и подготвеноста за соработка, нагласувајќи дека оваа соработка е од суштинско значење за постигнување на заедничките цели за економската благосостојба и на граѓаните на земјата.