Стопанската Комора на Северо – Западна Македониа одржа средби со Стопански Комори во Виена, Австрија

     Во текот на мај месец, СКСЗМ реализираше работна посета на  неколку австриски Стопански Комори со цел да се види одблизу како тие работат, се организираат, да ги сменат своите искуства и можноста за идна соработка.

     На 10 мај 2012 СКСЗМ имаше официјална средба со Австриската Стопанска Комора (WKO Wirtschaftskammer Österreich) со регионалниот директор за Југоисточна Европа г-дин.Гунтер Сучер, кој направи кратка презентација на WKO и нејзината надворешна политика и организацијата на канцелариите на WKO надвор од Австрија, исто така бевме запознаени и со WKO канцеларијата во Скопје и можноста за идна соработка со WKO.   

     На 08 Мај 2012, СКСЗМ имаше уште една средба со ATAЗ, Стопанската Комора на Австрија и Азербејџан (Азербејџан-австриската Стопанска Комора). Г-дин.Галандар Багхиров, координатор за меѓународни односи во ATAЗ ни понуди потпишување на меморандум за соработка во иднина, го презентираше начинот на кој се развивал АТАЗ и како тие се организираат во однос на членството. Со ATAЗ беше договорено за тесна соработка за реализација на иднини конкретни проекти.

     Овие средби спроведени од страна на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија беа добра можност за размена на информации и искуства кои ќе ни помогнат во остварувањето на стратешките приоритети на Комората и нашата визија за иднината.