Во просториите на СКСЗМ се реализираа обуката за членките на СКСЗМ на тема „Имплементација на транзитна постапка“, Подигнување на нивото на подготовка за пазар и транспорт“.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во рамките на „Центарот за обука“ ја организираше обуката за своите членки на тема „ Имплементација на транзитна постапка “.

„Импелментација на транзитна постапка“ значи транзитни процедури кои ги вклучуваат сите фази и формалности кои се неопходни за да се овозможи движење на стоки од една во друга земја, вклучувајќи ја потребната документација, овластувања и царинска контрола. Овие постапки се важни за да се обезбеди дека транзитот се врши во согласност со важечките закони и прописи и за да се избегнат непотребни одложувања или царински казни.

Обуката им помага на учесниците да ги разберат и да ги применат овие процедури ефикасно и законски.

На оваа обука учествуваа значителен број учесници, кои имаа можност да се запознаат со неколку различни поими:

  • Транзитни рокови и прописи;
  • Формалности во појдови испостава: редовна постапка и поедноставена постапка;
  • Формалности во транзитната испостава;
  • Формалности во одредишната канцеларија;
  • Формалности на одредишната испостава: редовна и поедноставена постапка;
  • Завршување на транзитна постапка;
  • Испитна постапка испитување и алтернативни докази;
  • Преставување на апликацијата НКТС;

СКСЗМ постојано се труди да придонесува за доброто на своите членки и истовремено да создаде соодветно опкружување за водење бизнис.