Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија му честита на премиерот г-дин Џафери, се продлабочува соработката во интерес на бизнисот
Раководството на СКСЗМ, предводено од Претседателот г. Mendi Qyra го посети новиот премиер на РСМ г-дин Талат Џафери.
На оваа средба се разговараше за соработката меѓу Владата и бизнис секторот, како и за зајакнување на воспоставените односи меѓу овие два субјекти.
Претседателот Qyra истакна дека СКСЗМ има голем број решенија за актуелните економски проблеми, чиј избор ќе ја подобри благосостојбата на граѓаните, но и ќе промовира забрзан економски развој.
Домаќинот на оваа средба, премиерот Џафери, рече дека без разлика на неговатапозиција, ќе продолжи да биде важен партнер на Комората, со оглед на тоа што СКСЗМ секогаш покажувала отворени врати за партнерство за институциите во вистинските моменти.
Со ова, СКСЗМ продолжува да го зајакнува својот статус на претставник на бизнисите во земјата, создавајќи нови канали за решавање на барањата и проблемите на своето членство.