Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија го превзема претседавањето со Платформата за јавно-приватен дијалог

Платформата за јавно-приватен дијалог, која функционира од 2018 година, е создадена како одговор на потребите и барањата за претставување на компаниите во разговорите со Владата на Република Северна Македонија за подобрување на деловната клима и учество во процесот на одобрување на нови законски решенија како и примена на подобри решенија за актуелните закони кои ги засегаат компаниите.

СКСЗМ ќе претседава со Платформата шест месеци, односно до крајот на 2022 година. Во заедничката платформа за јавно-приватен дијалог се вклучени четирите најголеми комори во државата, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија; Стопанска комора на Северна Македонија; Стопанска комора за информатичка технологија и комуникации – МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори на Македонија.

Со претседавањето на оваа Комисија, СКСЗМ заедно со другите партнери, ќе овозможи гласот на бизнис заедницата да биде слушнат од надлежните институции.