Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Фондацијата Албиз ги мобилизираа компаниите
12 Август 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Фондацијата Албиз ги мобилизираа компаниите членки на СКСЗМ за да му помогнат на населението во населбите погодени од поплавите.
Денес се одржа средба со бизнис секторот каде што 22 компании само во првата фаза имаат собрано средства во вредност од над 110.000 евра. СКСЗМ и Фондацијата Албиз се во постојан контакт и со другите компании кои сакаат да се приклучат на оваа иницијатива.
СКСЗМ и Фондацијата Албиз истовремено се во контакт и со граѓаните кои ад хок поднесуваат барања обезбедувајќи информации за нивната состојба и тековните потреби.
Comments are closed.