Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска одржа средба со претставници на Аmerican Chamber of Commerce – АМCHAM Македонија

Денес, во канцелариите на СКСЗМ, Претседателот Неби Хоџа ги прими Претседателот на Американската Комора на Македонија, г-дин Славко Пројкоски и Директорката г-ѓа Дијана Деспотов.

На овој состанок беа разгледани активностите, плановите и идеите за развој и интензивирање на соработката помеѓу двете комори. Беше разговарано и за начините на подобро комуницирање со членовите и потребата за да се создадат нови прифатливи можности за директна комуникација со нив.

Презентирајќи ги преземените активности, се донесе заклучокот дека главната точка за постигнување на добра клима во смисла на соработка и развој е да се воспостави поголем простор за комуникација со членките кои ќе можат да ги изразат проблемите со кои тие се соочуваат , деловните предизвици и начините за нивно побрзо надминување. Заедничкото дејствување на коморите ќе има посилно влијание врз создавањето на поповолна деловна клима во нашата земја.

Беа дискутирани и можностите за организирање заеднички активности од стратешките области кои ги тангираат двете комори. Преку многуте активности што ќе се организираат ќе може да се влијае и за создавањето на подобри можности за бизнисите и економијата во целост.