Стопанската Комора на Северозападна Македонија ја продолжува традицијата на организирање Ифтарска трпеза
По повод Светиот Месец Рамазан, Стопанската Комора на Северозападна Македонија и годинава ја организираше Ифтарската трпеза, збогатена со локални прехранбени производи, и придружувана од свежиот и чист воздух на Шар Планина, кои претставуваат само еден дел од природните убавини кои ги поседува нашата земја.
Гости на СКСЗМ на овогодишната Трпеза беа претставници од сите институции со кои СКСЗМ соработува во текот на годината, компаниите членки на СКСЗМ, како и претставници на дипломатските претставништва, државните институции, општините, стопанските комори кои работат во Македонија, Исламската верска заедница, банките и медиумите.
Годинава Ифтарската трпеза беше почестена и со присуството на Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов.
“Стопанската Комора на Северозападна Македонија традиционално, веќе по четврти пат ја организира Ифтарската трпеза, за да барем малку се солидаризираме со гладните, насекаде низ светот, со оние кои немаат што да постават на своите трпези. Секако, секоја монотеистичка религија ги има своите начини на солидаризирање, а ова е начинот на Исламот – целодневниот пост – за да се солидаризираме со гладните, за да го почуствуваме нивното постојано чувство на глад. Да се надеваме дека нашиот Создавател ќе ни ги прими молитвите и добрите дела кои сме ги практикувале во текот на овој Свет Месец. Стопанската Комора на Северозападна Македонија ги покани своите соработници од разни институции, за да им оддаде чест и за да ги потхрани добрите односи, поставувајќи основа за понатамошна соработка” – го заокружи својот говор Претседателот на СКСЗМ, г. Мендерес Кучи, посакувајќи им на гостите пријатна вечер, и посакувајќи им пријатна вечер и богата трпеза на сите оние коие не беа присутни на оваа трпеза.
По послужувањето на Ифтарската трпеза, претставник од Исламската верска заедница ја проучи молитвата за збогатување на поставената Трпеза, како и за прифат од страна на Создавателот на сите добри дела направени во текот овој Свет Месец.
СКСЗМ срдечно им се заблагодарува на своите спонзори за овогодишната Ифтарска трпеза:
- Стопанска Банка – Скопје
- Даути Комерц – Скопје
- Темпо Профили 99 – Скопје
- Woodrow Wilson School – Тетово
- Блеро Сами – Гостивар
- ИНГ-Лули – Струга
- Игнациа Стил – Битола
Ова беше четврти пат по ред како СКСЗМ ја организираше Ифтарската трпеза, претворајќи ја оваа активност во традиционална.
Comments are closed.