Средба со Aмбасадорот на Република Косово во Скопје, г. Ѓерѓ Дедај

Во просториите на СКСЗМ беше пречекан Aмбасадорот на Република Косово во Скопје, г. Ѓерѓ Дедај. Тој изрази честитки за иницијативите на Комората за регионална соработка, особено за соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Косово. Овие иницијативи треба да продолжат во иднина и да ја продлабочуваат соработката меѓу државите во регионот.

СКСЗМ отсекогаш ја поддржува регионализацијата на претпријатијата во земјата и пристапот до странските пазари.