Средба со Управниот одбор на Бизнис форумот во Призрен

17 Август 2016 – Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа денеска се сретна со управниот одбор на Бизнис Форумот во Призрен, со кој претседаваше директорот Бенер Кендос.

Тема на разговор на средбата беше “Призрен бизнис форум 2016”, кој планира да се одржи од 22 до 25 септември 2016 година во Призрен, Косово. Во рамките на Форумот, ќе се организира конференција и саем на кој ќе бидат презентирани локалните производи.

За време на средбата се разгледаа и можностите за инвестирање во индустриската зона во Призрен, која се очекува да биде воспоставена во блиска иднина и продлабочување на соработката меѓу Македонија и Косово, ставајќи акцент на теми кои се од интерес за двете земји.

20160817_155008

20160817_154940

20160817_154940

Comments are closed.