Средба со претставници на Светската Банка

Претседателот на СКСЗМ  г.Мендерес Кучи реализираше состанок со делегација од Светската Банка. 

  Целта на средбата е делегацијата од Светската Банка од блиску да се запознае со проблемите и специфичните потреби на бизнисот во Македонија, кои што ќе бидат вградени во предлог  Проект за развој на вештини и иновации.

  Проектот има за цел да го подобри квалитетот и релевантноста на високото и стручното образование подобро да одговори на потребите на пазарот и да се подобри иновативниот капацитет на претпријатијата преку подобар пристап до вештини, знаење, финансии и технологија.
      Делегацијата беше исто така заинтересирани за користење на услугите понудени од страна на различни државни агенции за вистински бизнис и нивните потенцијални  ефекти.
   На крајот од средбата, двете делегации се согласија да ја продолжат соработката меѓусебно во иднина во области од заеднички интерес за двете страни.

 

Comments are closed.