Средба со претставници на Охридска Банка и делегација од Босна и Херцеговина

  Средбата се одржа со цел продлабочување на билатералната соработка меѓу двете институции.
    Охридска Банка ќе обезбеди олеснувања во кредитирањето на членовите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, одобрувајќи им кредити со прифатливи временски рамки.

  Исто така, се дискутираше за партнерство во разни настани кои ќе бидат од заеднички интерес, како и за членовите на СКСЗМ и за банката.
    Претседателот на СКСЗМ, г-дин. Мендерес Кучи денеска се сретна истотака и со делегацијата од Босна и Херцеговина, односно со групата претставници на АС Груп, кои исто така се заинтересирани за конкретни деловни активности во Република Македонија.   Целта на состанокот беше да се олесни меѓусебната соработка меѓу претставниците на  групата и компаниите членки на Комората, и можностите за реализација на заеднички инвестиции во двете земји.

Comments are closed.