Средба со норвешкиот конзорциум НорМак
На 16 Јануари 2013 година во Стопанската комора на Северо-Западна Македонија се одржа средба помеѓу норвешкиот конзорциум и претставниците на СКСЗМ
Пред состанокот се одржа прес-конференција, а подоцна претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија одржа поздравен говор во кој изрази интерес за соработка и ја претстави работата на компаниите членки на комората.
Исто така, од извршниот директор на СКСЗМ беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија и соодветни услови, кои нашата земја ги нуди.
Норвешкиот конзорциум составен од индустриската развојна корпорација на Норвешка “Сива”, на “Innovation Norway”, “Normac Investment Group”, компанија за развој на мали претпријатија “Smaabedrifforbundet” компанија која се занимава со превоз на стока и инвестиции “Tonnevold” и познатата компанија “Blackard Group”, на членовите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија им го претстави својот план за развој на економската слободна зона во Тетово.
Секоја од овие компании е насочена кон создавање на бизнис инкубатор во Тетово, кој не само што ќе генерира нови работни места, но, исто така, тука е и можноста за редовна соработка и на регионалниот развој со инкорпорирање на други локални бизниси и со тоа да се подобри бизнис климата во Македонија, насока во која свој придонес ќе даде и Стопанската комора на Северо-западна Македонија.
Comments are closed.