Средба со новинарите
25 Maрт 2016 – За да го одржиме коректниот однос со медиумите и да ја испочитуваме транспарентноста во работата како една од нашите темелни вредности, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска одржа состанок со претставниците на медиуми со цел информирање за активностите кои што Комората планира да ги преземе во иднина, во обид да се справи со актуелната ситуација во земјата.
Меѓу другото, извршниот директор Фатмир Битиќи ги информираше присутните и за консултативните состаноци со политичките партии кои што ќе започнат во среда на 30 Март 2016 година.
Comments are closed.