Средба со министерот за странски инвестиции
20 Мај 2016 – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија денеска оствари средба со министерот за странски инвестиции г-дин Арлинд Зеќири. На оваа средба сe дискутираше за работата на власта во привлекување на странски инвестиции и отворање на нови работни места, како и за напорите за отворање на нови слободни економски зони во албанските средини, функционирањето на актуелните слободните економски зони и плановите за иднина.
Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа рече дека инвеститорите сакаат политичка и економска стабилност во земјата и ние како стопанска комора работиме кон решавањето на проблемите и барањата на претпријатијата во смисла на создавање на бизнис политики. Тој се осврна и на потребата да се обезбедат капацитети за поддршка на претпријатија во земјата, не само странските, туку и локалните, елиминирање на бирократските бариери, поедноставување на царинските постапки и инвестирање во инфраструктурата. Според претседателот, во овој поглед е многу важно и интеракцијата помеѓу странските и домашните компании, преку отворање на канцеларии во општините за одржувње на контакти со бизнисите од дијаспората.
Според министерот Арлинд Зеќири, Македонија во последниве години има направено значителен раст во светската листа во однос на креирање иницијативи за развој на бизнисот, односно инвестициите од странство, а воедно ги најави и мерките што ќе се преземат за да се создаде цврста основа за идните инвестиции.
СКСЗМ за време на средбата ги разгледа и различните можности за соработка, не само во однос на зголемување на трговијата и инвестициите, но исто така и да се создаде поволна бизнис клима во земјата.
Comments are closed.