Средба со консулaтот од Амбасадата на Белгија
Средбата се одржа по барање на белгискиот претставник, а целта беше да се запознаат со активностите на СКСЗМ, како и да се истражуваат можностите за подобрување на соработката меѓу белгиските компании и компаниите членки на СКСЗМ.
Претседателот Кучи ја информираше г-ѓа Anne Defourny за улогата во организирање на бизнис комората, како и структурата на компаниите членки на СКСЗМ, ставајќи посебен акцент дека ние како Комора сме отворени за сите заинтересирани компании кои без разлика сакаат да бидат дел од СКСЗМ.
Исто така, Претседателот презентираше различни групации кои работат во рамките на СКСЗМ. Конзулатот од страна на белгиската амбасада изрази особен интерес за продлабочување на билатералната соработка, и во иднина се предвидени реализација на заеднички состаноци помеѓу бизнис заедниците на двете земји.
Comments are closed.