Средба со компаниите од Тетово
Средбата се одржа во просториите на Општина Тетово, со почеток од 10:00 часот, заедно со преставниците од тетовските компании и персоналот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.
По презентацијата на работата на СКСЗМ од страна на заменик-извршниот директор, г-дин Арбен Хаљиљи, се дискутираше околу различните проблеми, кои се важни за компаниите на овој регион, и се предложија опциите за нивното решавање. Средбата заврши со презентација на проблемите на компаниите и нивните потреби за различни услуги од страна на СКСЗМ.
Претседателот на СКСЗМ г-дин Мендерес Кучи, ги поздрави присутните и посака да ова организација која ги здружува бизнисите да се прошири и понатаму.
Заменик-извршниот директор на СКСЗМ, информираше за работата, постигнувањата и понатамошните планови на ова комора, додавајќи дека по 7 годишна активност, СКСЗМ стана еднаквен партнер на стопанските комори во Македонија и пошироко.
Следниот состанок ќе се одржи во Битола (18 Мај 2013) во Хотел Епинал со почеток во 11:00 часот.
За повеќе информации, контактирајте не на е-маил: info@oemvp.org
Comments are closed.