Средба со компаниите од Струга
Средбата се одржа во ресторанот Ројал во Струга, со почеток во 13:00 часот, заедно со претставниците на компаниите од Струга и персоналот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, предводена од претседателот г. Мендерес Кучи.
По презентацијата на работата на СКСЗМ од страна на заменик-извршниот директор, г. Арбен Халили, беше дискутирано околу различните проблеми значајни за компаниите од овој регион, и беа предложени можности за нивно решавање. Средбата се заврши со презентација на грижите на компаниите и нивната потреба за лични услуги од страна на СКСЗМ.
Претседателот на СКСЗМ, г. Мендерес Кучи, ги поздрави присутните и посака оваа организација која ги претставува различните бизниси дa се зголемува и понатаму и има за цел да го промовира и развива бизниcот во Македонија. Тој посебен акцент мy дaдe на зaчленyвaнeтo нa компаниите вo СКСЗМ од регионот на Струга, без оглед на етничката припадност, затоа што оваа институција гo штити и промовира развојот на бизнисот на сите нивоа, како во рамките на земјата така и во странство.
Заменик-извршниот директор на СКСЗМ, информира за работата, постигнувањата и идните планови на оваа Комора, додавајќи дека СКСЗМ е претворена во рамноправен партнер со другите стопански комори во Македонија и пошироко.
Според него, СКСЗМ во идниот период планира и други проекти, зголемувајќи го полето на промоција, дебатот со владините и други институции.
Идната средба ќе се одржи во Куманово (4 јуни 2013 година), во ресторанот Амбрела со почеток во 11:00 часот.
Comments are closed.