Средба со компаниите од Кичево
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, на 1 јуни 2013 година, во Кичево, одржа средба со нејзините членки. Средбата се одржа во рамките на Караванот на СКСЗМ, кој се спроведува во текот на месец мај и јуни во градовите во кои дејствува. Средбата се одржа во хотел Арабела во Кичево.
Презентацијата на резултатите за 2012 година и плановите за 2013 година на СКСЗМ, ка направи заменик-извршниот директор, г. Арбен Халили. За време на средбата беше дискутирано околу различните проблеми, кои се значајни за компаниите од овој регион, и беа предложени решенијата за нивно надминување.
Активностите на Комората ги поздрави и претседателот на Советот на Општина Кичево, кој понуди максимална поддршка за Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во врска со сите активности кои се однесуваат со ова општина, но и пошироко.
На средбата беа присутни голем број на стопанственици, кои со задоволство ја дочекаа оваа средба и изразија голем интерес да во иднина да придонесат за Комората и да станат нејзини членки.
Настанот беше пропратен и од домашните медиуми.
Наредната средба ќе се одржи во Куманово, на 4 јуни 2013 година (вторник).
Comments are closed.