Средба со жени претприемачи од Хрватска

  На 29 Mај 2014 година, Групацијата на жени претприемачи во рамките на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, предводена од извршниот директор г-дин Арбен Халили, одржаа средба со делегацијата од Хрватска од општините Кукузовац и Сињ, со иницијатива на г-ѓа Валентина Дисоска од Здружението на бизнис жени. 
   Хрватската делегација беше предводена од Мери Ен Чипетик Рукавина, регионален директор на Центарот за родова рамноправност во рамките на тригодишниот проект Жени претприемачи – мотор за создавање на работни места во Источна Европа, предводена од GTF (Gender Task Force), финансиран од Шведската агенција за развој СИДА, за промовирање на најдобрите практики за жени претприемачи во согласност со европските закони за мали претпријатија и создавање на национални и меѓународни организации и здруженија на жени претприемачи. 
   Исто така дел од делегацијата беа и г-ѓа Ана Барак од Центарот за претприемништво на Сињ, г-ѓа. Кристина Крижанак заменик. градоначалник на Сињ, г-ѓа. Диана Бреко директор на индустриската зона Кукузовац, и г-ѓа Ана Царевиќ дел од GTF. 
  Групацијата на жени претприемачи од СКСЗМ беше застапуван од г-ѓа Гезиме Фејзи, Мерита Алими, Ќаније Селими, Мимоза Тачи и Едита Јашари. 
    За време на средбата, двете страни ја претставија својата работа и активности, и изразија интерес за идни проекти за соработка и други активности од заеднички интерес.

Comments are closed.