Средба со експерти од Турција
11-ти Април 2016 – Групацијата на бизнис жени при Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, се сретна со експерт од Турција, кој работи на моделот на меѓусебно поврзување и соработка на женското претприемништво, стопанските комори, консултантски и бизнис услуги.
Членовите на групацијата на бизнис жени дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат во текот на нивните почетоци на бизнисот, одредени пречки до пристапот до финансии и предрасудите, со посебен акцент на проблемот за пристап до финансиски средства за поддршка на женското претприемништвото.