Средба со Дополнителнот заменик министер за финансии Кире Наумов

26 Oктомври 2016 – Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа оствари средба  со Дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и проблемите со кои се соочуваат членките на Комората, поврзани со дејствувањето на институциите кои се во тесна врска со надлежностите на Министерството за финансии, пред се, Управата за јавни приходи и Царинската служба на Република Македонија.

На средбата се посвети внимание  и на проблемите предизвикани од државните институции, со кои се соочуваат нашите членки во предизборниот период.

И двете страни се согласија дека компаниите не треба да трпат негативни последици од политичките збиднувања во државата, особено не од одредени државни и локални инспекциски служби, како и друг вид на контроли.

За време на средбата се предложија конкретни мерки за спречување на евентуалните злоупотреби од страна на државните органи во функција на изборите, и исто така се охрабруваат за пријавување  на секакви злоупотреби на функциите од страна на државните органи, притисоци и недоследности во спроведувањето на законите.

20161026_110638

20161026_110651

20161026_110701

20161026_110707

Comments are closed.