Средба со г. Ќехаја, нов амбасадор на Република Косово во Македонија
Претседателот на СКСЗМ г. Неби Хоџа и извршниот директор г. Дрилон Исени, му посака добредојде на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во земјава, г. Флоријан Ќехаја.
Претседателот Хоџа му честиташе на амбасадорот за новата функција, нагласувајќи дека Комората е секогаш отворена и подготвена за соработка на сите полиња.
На средбата беше претставена работата на Комората и нејзината мисија за унапредување и промовирање на деловните интереси внатре и надвор од државата.
Хоџа истакна дека Косово е важен трговски партнер на нашата земја, затоа нашиот фокус останува на продлабочување на трговската соработка меѓу земјите со цел да се зајакнеме на регионалниот и на европскиот пазар.
СКСЗМ како легитимен претставник на интересите на бизнис заедницата останува посветена на унапредување на меѓудржавните односи како и зголемување на економската и трговската соработка.