Средба со градоначалниците на Северо-Источен плански регион

Денес на 16 Декември 2013 во Општина Куманово се потпиша Меморандум на соработка помеѓу Македонско-Бугарска Стопанска Комора и Советот за развој на Северо-Источниот плански регион. Во оваа средба присутен беше и Министерот за Локална Самоуправа Тахир Хани и Амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков. 

Некои од темите кои се дискутираа меѓу присутниве на оваа средба беа и: Стимулација на развојот на локален и регионален ниво, зајакнување на принципот на јавно-приватното партнерството, охрабрување да се добијат и спроведуваат заеднички проекти на меѓу граничната соработка, регионален развој, животна средина и енергетска ефикасност, развој на човечките ресурси и др.

Претцедателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија Мендерес Кучи меѓу другите истакна дека ние сме за еднаков регионален развој. 

Не ги прифаќаме поделбите што се праваат според политичкиот диверситет, туку диверситетот да се направи според ресурсите што ги нудат регионите.

Присутни беа и градоначалниците на општините Куманово, Липково, Кратово, Крива Паланка и др. 

Comments are closed.