Средба со Градоначалникот на Општина Струга и со Министерот за странски инвестиции
20 Јули 2018 – Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја посети Општина Струга, каде што одржа средба со градоначалникот г-дин Рамиз Мерко, Министерот за странски инвестиции г-дин Бардуљ Даути и со претставници од бизнис комунитетот во Струга, кои истовремено се и членки на СКСЗМ. Оваа средба беше со цел за проширување на соработката помеѓу бизнисите во тој регион и Општината на локално ниво. СКСЗМ поздравува секаков вид на соработка која ќе влијае во подобрувањето на бизнисот и целокупната економија во земјата и регионот. Се дискутираа и многу прашања поврзани со развојот на бизнисите кои ќе се стремаат кон напредување на економијата и поддршката на локалната власт за компаниите со цел правењето бизнис да се олеснува во оваа општина.
Истотака се дискутираше и за наоѓањето на ефикасни решенија за развој и промовирање на интересите на бизнис заедницата и за условите кои општините ги нудат за бизнисите надвор од развиените индустријални зони.
СКСЗМ се заложува за подигнување на нивото на комункацијата помеѓу претприемачите и државните институции, како во локално, така и во централно ниво.