Средба со бизнис секторот и локалните НВО од Скопје
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) и Фондацијата Албиз (Даути), на 03 Август 2016 год. (Среда), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Libraria e Çarshisë во Стара скопска Чаршија ќе организираат средба со бизнис секторот и локалните НВО од Скопје.
Главната цел на средбите е да посредува долгорочни ефективни партнерства меѓу локалните невладини организации и бизнис секторот.
На оваа средба учесниците ќе бидат запознаени со Законот за донации и спонзорства, кој овозможува институционализација на соработката помеѓу бизнис заедницата и невладиниот сектор, како и даночните олеснувања во рамки на овој Закон доколку начинот на донации од страна на бизнис секторот оди преку институционални канали.
Средбата се организира во рамките на проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, имплементирана од страна на Фондација Албиз во партнерство со Стопанска Комора на Северозападна Македонија. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.
Comments are closed.