Средба со бизнис секторот и локалните НВО од Струга

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) и Фондацијата Албиз (Даути), на 05 Август 2016 год. (Петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на хотел Дрим , Струга, ќе организираат средба со бизнис секторот и локалните НВО од Струга.
Главната цел на средбите е да посредува долгорочни ефективни партнерства меѓу локалните невладини организации и бизнис секторот, кои на крајот ќе резултира со поголем капацитет на невладините организации да генерираат приходи од бизнис секторот, но исто така и од други фондови.
Средбата се организира во рамките на проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, имплементирана од страна на Фондација Албиз во партнерство со Стопанска Комора на Северозападна Македонија. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.

Comments are closed.