„Средба помеѓу СКСЗМ и СДСМ: Се презентира платформата за економски развој на СКСЗМ и визијата на СДСМ за интеграција во ЕУ“

02.05.2024 година, Скопје – Во просториите на СКСЗМ, претседателот г-дин Mendi Qyra, заедно со раководството на Комората, ги пречека претседателот на партијата на СДСМ, г. Димитар Ковачевски, потпретседателот г. Фатмир Битиќи како и членот на Централниот совет г. Филип Николовски.

На средбата беше претставена Платформата за економски развој на СКСЗМ, платформа која се заснова на анализите на СКСЗМ со која се идентификувани реалните потреби на економијата на земјата, со цел одржување и унапредување на економската перспектива на нашата земја. Како барање на претседателот Qyra беше оваа Платформа да биде вклучена во нивната политичка програма, но и да се спроведе од идната владина коалиција.

Претседателот на СДСМ, г-дин Димитар Ковачевски, истакна дека значителен број точки од платформата на СКСЗМ се дел од нивната владина програма, но нивната главна визија е интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Од СДСМ потенцираа дека планираат реформи во јавната администрација за зголемување на ефикасноста на соодветно ниво.

СКСЗМ продолжува упорно да бара зголемување на минималната плата на 30.000 денари, а паралелно придонесите да се намалат на 32 % од нето платата, а оттаму да почне пресметката на придонесите на сите плати.

Се зборуваше и за асиметријата меѓу побарувачката и понудата на пазарот на труд, каде треба да се разгледува уште еднаш системот на Агенцијата за вработување, каде од 103.000 баратели на работа, не може да се најдат ниту 20.000 вработени за приватниот сектор, за кои има голема побарувачка.

СКСЗМ останува стоичка во своите барања, лобирајќи овие барања да се разгледаат со целосна сериозност, но и да се спроведат, бидејќи само преку партнерства меѓу сите заинтересирани страни може да се реализираат конкретни реформи во државата, но пред се да се запре миграцијата на младите, а со тоа и создавање долгорочна перспектива за нашата земја.